Македонскиот ракометен шампион Вардар го забележа вториот пораз во регионалното СЕХА натпреварување откако загуби и на гостувањето кај Нексе со 28:25.
Тимот од Нашице многу подобро го отвори натпреварот и ја искористи умореноста на ракометарите на Вардар, па диктираше темпо уште од самиот старт.
Халил Јагањац одигра одличен натпревар и заврши како најефикасен стрелец во победничкиот табор со седум гола, додека Вејин застана на шест.
Кај вардарци најефикасен беше Куни Моралес кој исто така постигна седум погодоци.