Вардар претрпе тежок пораз од 35:20 на гостувањето кај Мешков Брест во рамки на седмото коло од СЕХА лигата.
Македонскиот шампион допатува со комбиниран состав од млади играчи, кој беше предводен од Билјана Црвенковска и Стојан Петрушевски бидејќи тренерот Роберто Парондо остана да тренира со првотимците во Скопје.
Младиот тим на Вардар не можеше да се спротистави на домаќините, кои во текот на целиот натпревар имаа контрола над теренот и висока предност.
Првиот дел заврши со водство од 19:9, кое до крајот на натпреварот само се зголемуваше.
Јања Војводиќ со пет гола беше најефикасен во Вардар, додека во белоруската екипа со шест погодоци најпрецизен беше Симон Разгор.
Вардар в сабота повторно игра со Мешков Брест, но овојпат во Лигата на шампионите.
МИА