вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар се „намачи“ со Алкалоид во Струга

Вардар се „намачи“ со Алкалоид во Струга

Македонскиот ракометен шампион Вардар по голема борба со 24-22 го совлада тимот на Алкалоид,

Вардар благодарение на искуството и одличниот Томовски на голот, дојде до победата на Алкалоид кој оваа сезона е предводен од Кире Лазаров како тренер.

На почетокот не изгледаше дека ќе биде тесно, Вардар имаше 10-5 во првиот дел, но до одморот даде само два гола, а Алкалоид пет, па на одморот се замина со 12-10.

Во второто полувреме Алкалоид тргна одлично, со 3-0, и дојде до водство. Остатокот од мечот беше тесен, вардарци кога и да се одлепеа за некој гол, Алкалоид стигнуваше. На крајот сепак поискусниот победи со 24-22.

Филип Талески со седум голови беше најефикасен во составот на Вардар.