сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар се „разбуди“ во финишот за победа над Алкалоид

Вардар се „разбуди“ во финишот за победа над Алкалоид

Македонскиот шампион потешко од очекувањата го совлада Алкалоид во 4.коло од ракометната Суперлига.

Вардар славеше против градскиот ривал со резултат 28:25, по што „црвено-црните“ се лидери во табелата со максимален број бодови.

Алкалоид на 10 минути пред крајот поведе со 22:21, но потоа следуваше серија на „црвено-црните“ од 5:0 која се покажа како клучна.

Дејан Манасков со 8 голови е најефикасен во тимот на Вардар и на натпреварот, а Филип Талески постигна 6 гола. Мартин Томовски имаше три одбранети седмерци и плус осум топки.