четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар со пораз ја отвори сезоната во СЕХА лигата

Вардар со пораз ја отвори сезоната во СЕХА лигата

Ракометарите на „Вардар 1961“ загубија вечерва на гостувањето во Прешов од словачки „Татран“ со 27-23 во воведниот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата.

Македонскиот шампион добро го почна натпреварот и во два наврати имаше предност од три голови разлика (6-3, 7-4).

Кон средина на првиот дел, уследи пад во играта на „црвено – црните“ што домаќините го искористија и со серија од 5-0 го вратија водството и заминаа на полувреме со предност од 14-11.

Предноста на Татран Прешов достигна највисоки плус голови (22-17) на што Вардар врати со серија од 4-0, но словачкиот тим беше поумешен во завршницата и триумфираше во воведниот натпревар од групата Б.

Во второто коло Вардар, в среда во салата „Јане Сандански“ од 18 часот, го пречекува белградски Партизан.