Скопски Вардар покажа зошто е шампион на Македонија во ракомет откако во првото сезонско дерби убедливо славеше со 35-27 над битолски Еурофарм Пелистер со што направи голем чекор напред кон одбрана на титулата.
Битолчани најавија дека оваа сезона имаат голема желба да го детронизраат Вардар, но далеку е тимот на Жељко Бабиќ од актуелниот шампион.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Анте Гаџа со седум гола, Дисингер исто така заврши со седум погодока, пред Чупиќ со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ имаше осум гола, Граџан даде шест, а Периќ и Радовиќ стрелаа по двапати.
За Вардар ова беше трета победа по три одиграни натпревари во плеј-офот, додека Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз по исто така три одиграни средби. Реваншот на двете екипи во Битола се очекува да биде во месец мај.
foto: gol.mk