Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ работи добро на клупата на репрезентација на Иран и со оваа селекција се пласираше во втората фаза на Светското првенство минатиот јануари.
Пласманот во втората фаза беше прв во историјата на оваа репрезентација, па набрзо потоа како награда екс-стратегот на Вардар доби нов договор.
Искусниот 62-годишен тренер со иранската Федерација го продолжи договорот до летото 2024 година, односно до крајот на олимпискиот циклус.
Сега според информациите на специјализираниот сајт за ракомт „Balkan-Handball“, Вујовиќ ќе биде тренер и на иранскиот шампион, Сепхан. Засега не се открива каков договор постигнал Вујовиќ со иранскиот клуб.