Веспрем уште од самиот старт имаше водство, кое не го испушти во ниту еден момент, а тоа на полувреме изнесуваше четири гола (14-10), по што продолжи да се зголемува во вторите 30 минути.
Гаспер Маргуч постигна шест гола и беше најдобар во редовите на Веспрем, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков даде три гола.