Унгарскиот ракометен гигант Веспрем пред неколку дена објави дека нема да потпише нов договор со Дејан Манасков, а денеска се појави и информација околу тоа кој ракометар ќе го замени Македонецот во редовите на унгарскиот гигант.
Станува збор за Бјарки Мал Елисон, левото крило на исландската репрезентација кое начелно ги договори условите за соработка со Веспрем за наредните две сезони. Елисон во претходните три години го носеше дресот на Лемго.