Францускиот пивотмен, Лудовик Фабрегас ќе замине од таборот на Барселона по пет сезони и две европски титули, за да заигра за Веспрем. 25-годишникот парафира двегодишна соработка со Веспрем, со можност за продолжување на уште една.
На левата крилна позиција во таборот на Унгарците доаѓа одличниот Уго Деска од Монпелје. 29-годишникот кој настапува за оваа екипа од 2019 година, а претходно играше за Кретеj и Динамо Букурешт, потпиша со Веспрем на две сезони.
Десната бековска позиција ќе ја засили Лукас Сандел кој доаѓа од Алборг. Швеѓанецот ќе пристигне од таборот на Алборг, а претходно играше за Елверум и Иштад, па сега со Веспрем потпиша со формулата 2+1 години.
Четврто ново име за Илиќ ќе биде Агустин Касадо од Мешков Брест. Шпанскиот репрезентативец настапува на средната бековска позиција и парафира двегодишна соработка со Веспрем.