понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Блажевиќ му ја расцепи главата на нашиот Манасков!

ВИДЕО: Блажевиќ му ја расцепи главата на нашиот Манасков!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков заврши со расцепена глава на денешното ку-финале помеѓу неговиот Веспрем и Пик Сегед, кое го добија противниците со 28-27 во тензичната и возбудлива пресметка за трофејот.

Манасков доби еден удар во главата од хрватот Блажевиќ, па потоа со крвава клава тргна и во пресметка со клупата на Пик Сегед, откако доби расекотина и настрада во ова финале во унгарскиот ракометен куп.

Македонското репрезентативно крило в среда и недела го очекува настап за македонската репрезентација во двојната пресметка со Исланд, прво на гости, а потоа и дома во евроквалификациите.