вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Црвен картон за Лазаров и голема судиска помош за Германците- се сеќавате ли на мечот од 2009 година?

ВИДЕО: Црвен картон за Лазаров и голема судиска помош за Германците- се сеќавате ли на мечот од 2009 година?

Германците се стара болка и за македонската ракометна репрезентација. Досега четири пати се соочуваме на големите првенства и четири пати губиме.

На 22-ри јануари 2009-та година, во натпревар со две различни полувремиња кој Македонија го заврши без тројцата најдобри играчи, Алушевски и Мојсовски кои се повредија и Лазаров кој доби црвен картон, Германците го осигураа пласманот во вториот круг.

По водството од 14:13 на Македонија на полувремето, со почетокот на вториот дел Германија го презеде водството и со голема помош од чешките судии полека го кршеше отпорот на противникот, а решавачки беше црвениот картон во 46 минута за најдобриот играч на Македонија Кире Лазаров. Неговото отсуство тогаш актуелниот светски првак го искористи на најдобар начин и стигна до конечните 10 голови разлика.

Тогаш македонската јавност беснееше по „касапот“ Оливер Рогиш, кого го паметиме по агресивната одбрана врз Кире Лазаров на СП во Хрватска во 2009 година, кога изнуди црвен картон од нашиот капитен, а потоа и самиот прерано се пресели на трибините.

Се разбира, тој натпревар и остана во болни спомени затоа што по водството на крај загубивме.