понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Фудбалската парада на Митревски меѓу најатрактивните одбрани на сезоната во ЛШ

ВИДЕО: Фудбалската парада на Митревски меѓу најатрактивните одбрани на сезоната во ЛШ

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски зад себе остави фантастична сезона во редовите на Порто, со кого го освои домашниот шампионат, а имаше и забележителни настапи и во Лигата на шампионите.

Искусниот чувар на мрежата со своите одбрани често пати му носеше бодови на Порто во ракометната елита, а една негова интервенција се најде во потесниот избор на ЕХФ за најатрактивни на сезоната. Фудбалската парада на Митревски против ПИК Сегед, со која му фати зицер на Кањељас, е сместена на шестото место на оваа листа за најдобри на сезоната во елитата.

Најдобрите одбрани на сезоната во ЛШ:

Првото место во овој избор му припадна на чуварот на мрежата на Алборг, Симон Гаде, за двојната одбрана против ПСЖ.