четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Мајсторија на Талески – со „вртенка“ ја крена публиката на нозе!

ВИДЕО: Мајсторија на Талески – со „вртенка“ ја крена публиката на нозе!

Ракометната репрезентација на Македонија во преполната сала „Борис Трајковски“ ја дочека Чешка, во реваншот на баражот за Светското првенство. Откако во Злин одиграа нерешени 24-24, а таму Македонија правеше атракција, по атракција. Поради тоа Чесите ја научија лекцијата и во Скопје се попретпазливи.

Сепак, Филип Талески се погрижи за скопската публика да не остане без атрактивни потези. Во една контра, крушевчанецот излета сам на линијата за шест метри очи во очи со Мрква, па со „вртенка“ го измами и ја крена публиката на нозе.

Атрактивниот погодок на Талески против Чешка:

Видеото погледнете го ТУКА

Токму Филип Талески е еден од најдобрите ракометари на Македонија во овој двомеч со Чешка, а тоа го покажа и со неколкуте убави потези.