понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Мирната рака на Дибиров за нова титула на Вардар

ВИДЕО: Мирната рака на Дибиров за нова титула на Вардар

Вардар по голема драма и продолженија славеше над Еурофарм Пелистер (33-32) на 49. издание на Струшкиот турнир, а човек на одлука е руското крило Тимур Дибиров.

Дибиров ја доби „војната“ со Радовиќ во продолжението. Откако Божиќ-Павлетиќ не донесе победа за Еурофарм Пелистер во регуларниот дел и тоа со двајца играчи повеќе, следеа две екстра-периоди по пет минути, а во нив стрелаа само Дибиров и Радовиќ.

Во последниот напад на 30 секунди пред крајот пелистерци не реализираа, а на спротивната страна, Вардар доби пенал на три секунди пред крајот. Истиот во гол го претвори Дибиров, кој успеа да го надмудри фантастичниот Секељи.

Голот на Дибиров за титула во Струга:

Вардар 1961 со освоената титула се израмни по бројот на титули со Еурофарм Пелистер. Сега и двата тима имаат по 14 освоени трофеја на овој домашен ракометен настан.