Македонија ја дочека Чешка во рамките на вториот бараж натпревар на патот кон Мундијалот кој следниот јануари ќе се одржи во Шведска и Полска. Репрезентацијата предводена од Лазаров покажа квалитет во Злин, но за жал во Скопје дојде само со реми (24-24).
Средбата во преполната СЦ „Борис Трајковски“ тргна во знакот на Македонија, а својот деби погодок за сениорите го постигна талентираниот Петар Атанасијевиќ. Крилото на Еурофарм Пелистер 2 доби асистенција од Кузмановски во брза транзиција и реализира зицер за 5-4.
Деби погодокот на Петар Атанасијевиќ за Македонија:
Видеото погледнете го ТУКА
Браќата Атанасијевиќ важат за големи таленти, кои можат да бидат сериозни оружја на Македонија во иднина.