четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Погледнете што правеше Ландин- дали е ова најдобрата голманска партија некогаш видена во ракометот?

ВИДЕО: Погледнете што правеше Ландин- дали е ова најдобрата голманска партија некогаш видена во ракометот?

Кил во пријателски натпревар го победи Веспрем со 35:34 после пресврт во последните минути во режија на чудесниот дански голман Никлас Ландин.

Натпреварот до последните 10-тина минути се играше во ревијален тон, одбраните како да ги немаше и головите паѓаа на двете страни.

Сепак, на девет минути пред крајот Унгарците отидоа на 32:28 и се очекуваше дека само ќе го приведат мечот кон крајот и ќе слават. Но, тогаш на сцена стапи Ландин, еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот и место победа за Веспрем на крајот Кил славеше 35:34, откако тој сврза неколку маестрални одбрани во последните десет минути.

Нашиот Дејан Манасков овој меч го заврши со два гола.