Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан го има четвртиот најубав гол во 8.коло од Лигата на шампионите.
Иако Вардар беше поразен на гостувањето кај Барселона со осум голови разлика (34:26), сепак, Вуко Борозан се најде во изборот на ЕХФ за ТОП-5 најубави голови во оваа рунда.
Борозан средбата ја заврши со три постигнати гола, а овој е на четвртото место на ТОП-5 листана. Од истиот меч, на второто место на листата се најде погодокот на Арон Палмарсон, додека најубавиот гол во изминатото коло го постигна ракометарот на ПСЖ, Уве Генсхајмер.
Најдобрите 5 голови од 8-та рунда во Лигата на шампионите можете да ги погледнете тука.