вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Што одлучи ТВ-снимката – Еве ја грешката на Благотиншек која ги уништи Словенците!

На првиот натпревар од второто коло во групат Ц, каде што настапува и македонската репрезентација, Словенија и Германија одиграа меч со драматичен финиш.

Словенците подобро го започнаа натпреварот и водеа то текот на целото прво полувреме. На паузата заминаа со предност од 15:10.

Германците се вратија во вториот дел од натпреварот, а вистинскиот пресврт дојде на 15 минути пред крајот кога Генсхајмер промаши акробатски удар во контра, по што судиите му дадоа исклучување на Кавтичник. На оваа одлука на судиите бурно реагираше селекторот на Словенија, Вујовиќ по што неговата репрезентација заработи тимско исклучување, па Германија изедначи на 19:19.

Во последните две минути од натпреварот, ракометарите влегоа со нерешен резултат, Словенците погодија на неколку секунди пред крајот со што се израдуваа на победа со реултат од 25:24.

Меѓутоа, судиите прегледаа снимки и му доделија црвен картон на Благотиншек, по што Рајхман погоди од седум метри за конечни 25:25.