петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Страстите „зовреа“ – тепачка, четири црвени и сини картони на мечот Пелистер – Охрид

ВИДЕО: Страстите „зовреа“ – тепачка, четири црвени и сини картони на мечот Пелистер – Охрид

Ракометарите на Охрид и Пелистер го оправдаа епитетот дерби на колото во Суперлигата и во салата „Билјанини Извори“ одиграа незаборавен натпревар, со среќен крај за домаќините.

На паркетот, во текот на сите 60 минути гледавме вистинска ракометна битка, но ова дерби имаше и своја црна дамка. Во самиот финиш од првиот дел гостинскиот ракометар Костадин Петров доби удар со топката и легна на паркетот, по што настана голема мешаница, во која „летнаа“ и по неколку боксови. Кога страстрите се смирија судиската двојка Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски соодветно реагираше и на Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески од Охрид, како и на Милош Рајичиќ и Иван Димитровски од Пелистер им додели црвени картони, но и сини, што значи им следува дополнителна казна.

Погледнете ја мешаницата пред самиот крај на првото полувреме од мечот Охрид – Пелистер: 

Извор: gol.mk