„Мислам дека е незамисливо за една мала земја сама да биде домаќин на едно Европско првенство особено сега кога има повеќе репрезентации учесници. Тоа реално можат да го остварат само големите земји, како Германија, Франција и можеби Шпанија. Моментално Македонија би можела да биде организатор на Европско првенство во машка конкуренција како ко-домаќин, како и во овој случај со женскиот турнир. Да биде организатор на првата прелиминарна фаза или една група. Турнирите се веќе распределени до 2028 година, па за понатаму ќе видиме од 2030 година“, рече Видерер.
Германија е домаќин на следниот континентален шампионат, во 2024 година, скандинавските соседи Шведска, Норвешка и Данска на тоа во 2026, а Швајцарија е партнер на Шпанија и на Португалија за првенството во 2028 година.