Кружниот напаѓач на Порто и Португалија, Виктор Итуриза, го чека долга пауза од ракометните терени.
Тој ги скина вкрстените лигаменти на левото колено на натпреварот против Агуас Сантас, кој успеа да ремизира со Порто.
Итуриза ќе паузира најмалку шест-седум месеци и веројатно за него оваа сезона е завршена.
Порто веднаш реагираше и го врати од позајмица Колумбиецот Хесус Уртадо од тимот на Гаиа.