Специјалистот за одбрана Виран Морос повторно ќе го облече дресот на ракометната репрезентација на Шпанија.
Жорди Рибера го повика за претстојните дуели против Данска и Норвешка во рамките од Еврокупот.
38-годишникот последен пат ги бранеше боите на својата селекција на Летните Олимписки Игри во Токио.
Повредата не му овозможи да се најде на листата за настап на Европското првенство, каде Шпанија беше поразена во финалето од Шведска.