понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Висла Плоцк му го продолжи договорот на Сабате

Висла Плоцк му го продолжи договорот на Сабате

Тренерот на ракометниот Висла Плоцк, искусниот Хавиер Сабате, ќе продолжи да работи со оваа екипа до сезоната 2025/26, објави официјалниот сајт на клубот од Полска.

Договорот на шпанскиот стрктег со Висла Плоцк беше до следното лето, односно до јуни, 2024 година, но во овој период беше одлучено тој да биде продолжен.

Тоа значи дека Хавиер Сабате ќе биде предводник на Висла Плоцк во следните три сезони. Шпанецот во Висла Плоцк пристигна во текот на 2018 година и за тој период освои две титули во Купот на Полска, последната пред неколку дена, како и бронзен медал во Лига на Европа минатата сезона.