Хрватскиот поранешен ракометар Владимир Шола е нов селектор на машката ракометна репрезентација на Црна Гора.
Црногорците останаа без селектор по одлуката на Зоран Рогановиќ да се повлече по Светското првенство во Шведска и Полска каде се пласираше во втората фаза, но не успеа да избори место во четвртфиналето.
„Претседателот на Црногорскиот ракометен сојуз Петар Каписода разговарал со повеќе потенцијални кандидати и имајќи ги предвид нивните референци и усогласеноста со плановите на Сојузот во наредниот период, предложи и доби поддршка од Управниот одбор Шола да биде новиот селектор“, се вели во соопшетнието од Ракометниот сојуз на Црна Гора.
По завршувањето на кариера во 2008 година Шола беше тренер на повеќе клубови во Хрватска, Русија, Катар и Кина, а како тренер на голманите во стручниот штаб на хрватската репрезентација освои бронзен медал на Олимписките игри во Лондон. во 2012 година.