недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Волф поради повреда ќе паузира шест недели

Волф поради повреда ќе паузира шест недели

Полскиот шампион Келце на стартот од новата натпреварувачка сезона ќе настапува без искусниот голман Андреас Волф.

Келце преку соопштение ја информираше јавноста дека Вулф има повреда на грбот и ќе мора да паузира најмалку шест недели.

Тоа значи дека германскиот репрезентативец ќе ги пропушти првите четири дуели од групниот сегмент во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Келце за ривали во Лигата на шампионите ги имаат Алборг, Колстад, ПСЖ, Кил, ПИК Сегед, Загреб и Еурофарм Пелистер.