среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Врањеш без искусните на последните средби од европските квалификации

Врањеш без искусните на последните средби од европските квалификации

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Љубомир Врањеш го одбра тимот за трите последни натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи наредната година во Унгарија и Словачка.

Врањеш од списокот ги изостави искусните ракометари како Деан Бомбач, Марио Шоштариќ, и Драган Гајиќ.

Во квалификациската група 4 се наоѓаат репрезентациите на Словенија, Холандија, Полска и Турција. Од групата само две репрезентации ќе обезбедат место на Европското првенство.

Словенците на 27 април ќе играат против Турција и веднаш после  тоа гостуваат на Полска.