Машката ракометна репрезентација на Словенија ќе игра во групата со Германија, Шведска и Алжир во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.
Селекторот Љубомир Врањеш го објави тимот со кој ќе настапи. Макуч, Вујовиќ и Мазеј нема да играат, а место на списокот има за Маргуч и Поточник.
Словенците беа дел од претходните ОИ во Рио, но претходно пропуштија два настани, во Лондон и Пекинг.
Да подсетиме од секоја група одат по две селекции од квалификациите.