Женската ракометна репрезентација на Македонија со два порази се враќа од Анкара, каде одигра две пријателски средби со домашната селекција на Турција.
Избраничките на Љубомир Савевски во втората средба загубија со 30-31. На овој двомеч, нашата најдобра селекција беше без неколку важни ракометарки.
На претходната пријателска средба во Анкара, женската ракометна селекција на Македонија доживеа пораз од 24-25.
Овие дуели за нашиот национален тим беа подготовка за баражот за СП 2023 против селекцијата на Украина..