По средбата во Краков, црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ истакна дека овој натпревар го доживеал многу емотивно, а и покрај поразот, за своите избраници испрати само пофални зборови.
„За мене ова беше емотивен натпревар. Од интонирањето на химната, па до овој момент на прес-конференцијата. Моите момци лавовски се бореа, игравме без двајца повредени ракометари, но дадовме максимум и задоволен сум како одигравме на овие два натпревари. Мислам дека ќе играме во следната фаза, а тоа е одлично за овој млад состав. Ќе им дадам шанса на сите ракометари да почувствуваат како е да се игра на Светско првенство. Честитки за Рогановиќ и ракометарите, јас сум горд што сум Црногорец и ќе навивам секогаш за мојата земја“, рече Вујо.
Во последното коло Иран ќе се сретне со фаворитот Шпанија, додека Црна Гора ја чека средба со Чиле.