Изјавата на Веселин Вујовиќ во која данскиот бек Матијас Гидсел го нарече „глувче“ наиде на жестоки реакции кај ракометната јавност. Особено во Данска, каде медиуми го навредуваа, вадеа делови од неговите испади во минатото, а како што кажа и самиот легендарен Црногорец, никогаш не можел да очекува дека во Данска ќе биде означен како „криминалец“.
„Не очекував ваква реакција кон мене, кон Дувњак, кон хрватската репрезентација. Толку омраза што е неверојатно. Ме третираат како да сум криминалец. Немав намера никого да навредам, но тоа не ми беше јасно дека дете кое штотуку зачекорило во ракометот, колку и да е талентирано, може да ја одбие раката на легендата Домагој Дувњак. Само тоа го мислев, но тоа што се случи подоцна беше невообичаено. Мојата ќерка добива навредливи пораки на социјалните мрежи поради мојата изјава за Гидсел. Неверојатно. Не можам да сфатам дека почнаа да вадат некои на моите грешки кои беа направени во кариерата“, рече Вујовиќ.
Овој инцидент дополнително ја зголеми популарноста на Вујовиќ во Хрватска, каде што сега многумина го посакуваат за селектор, по неуспехот на „каубојците“ на Мундијалот. Но, легендарниот стратег рече дека такво нешто нема да се случи. Хрватска ги заврши настапите на Светското првенство, исто како и селекцијата која што ја водеше Вујовиќ – Иран.