недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Македонците брзо забораваат кој е кој, би била грешка ако….

Вујовиќ: Македонците брзо забораваат кој е кој, би била грешка ако….

Некогашниот селектор на репрезентацијата на Македонија и прославен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ во интервју за „Балкан Хендбол“ го искажа своето мислење за ситуацијата во македонската репрезентација.

Македонија разочара многумина со настапите во групната фаза и трите убедливи порази од Норвешка, Холандија и Аргентина, а јавноста упати „отровни стрели“ на адреса на селекторот Кире Лазаров и младите репрезентативци.

– Сигурен сум дека Лазаров дојде на првенството со поинакви амбиции и желба да победи некого. Имаа неверојатно тешка група и нема од што да се срамат. Македонците како никаде на светот, многу брзо забораваат кој си, што си и колку заслуги имаш за овој спорт. На таа репрезентација и е потребно време. Не смеат веќе да размислуваат за тоа дека ќе изненадат некој од фаворитите. Потребно им е време да ги средат работите, а тие многу често немаат трпение. Би била огромна грешка ако направат промени после овој турнир, -изјави Веселин Вујовиќ за „Балкан- Хендбол“.