Данецот Гидсел доби удар од Дувњак во раната фаза и не сакаше да го прифати извинувањето од искусниот Домагој, сцена која посебно го разлути Веселин Вујовиќ.
– Натпреварот беше преубав, не можевме да посакаме подобро нешто, но се расипа Гидсел. Тој мал глушец го уништи мечот. Рака му пружи Домагој Дувњак, еден од најголемите во историјата на ракометот, а бедникот не сакаше да прифати извинување. Не ме интересира каков играч е, и дали е МВП. Тој глушец никогаш нема да биде ниту сенка од Дувњак. Ова е ракомет, груб спорт, контактен спорт, после прекршок ти приоѓа легенда, а тој не подаде рака. Треба да се засрами, кога Дувњак ќе ти пружи рака, не треба да ја миеш својата еден месец. Подобро да не ви кажам како ќе се однесував ако го направеше тоа на некој од моите играчи, – вели Вујовиќ за „Индекс“.