Ракометниот клуб Вардар 1961 го доживеа вториот пораз во ракометната Лига на шампиони и тоа од дански Алборг.
Тренерот Веселин Вујовиќ даде коментар на средбата и истакна дека вардарци го загубиле овој дуел поради лошото отворање на вториот дел.
„Честитки за мојот колега Стефан за доброто издание на неговиот тим Алборг. Првите десет минути од второто полувреме го загубивме натпреварот, во еден момент губевме со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е мечот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа“, изјави Вујовиќ.