вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Сакавме да играме и со 11 играчи, но и тоа не ни го дозволија

Вујовиќ: Сакавме да играме и со 11 играчи, но и тоа не ни го дозволија

Вардар вчера беше исфрлен од СЕХА-лигата, односно од настап на завршниот турнир во Задар, што е на програмата од 3-5 септември. Причината за ова е еден позитивен ракометар на ковид-19.

Очекувано во таборот на „црвено-црните“ владее големо незадоволство по оваа одлука на СЕХА, а местото на нашиот шампион во Задар ќе го заземе Загреб. Тренерот Веселин Вујовиќ за српските медиуми уште подетално ја објасни ситуацијата и ја нарече оваа одлука на регионалното натпреварување срамотна.

„Каква срамота. Тие велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија ниту такво нешто“ , изјави тренерот на Вардар.

Нашиот тим иако на терен се избори за 10-ти настап на завршните турнири во СЕХА, не му е дозволено спортски да се бори за својата шеста титула.