понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Веруваме во нашите квалитети

Вујовиќ: Веруваме во нашите квалитети

Македонскиот ракометен шампион Вардар денес го претстави својот дрес за новата сезона, со кого ќе се натпреварува на четири фронта.

На денешната промоција свој збор имаше тренерот Веселин Вујовиќ, кој најпрво ги искажа своите импресии од натпреварите на тимот во Суперкупот и Струшкиот турнир.

„Натпреварите во Суперкупот и Струшкиот турнир доаѓаат рано, исто како и мечевите со Загреб. Но, ние не се жалиме за тоа. Суперкупот го игравме со македонски играчи, поради законот кој не е до крај дефиниран. Што се однесува до екипата, последен се приклучи Гурбиндо. Учествуваше на олимпискиот турнир во Токио. Тоа е голема чест да имаме ваков играч. Ни фали уште Саревски, кој учествуваше со младинската репрезентација. Му дадов време да  се одмори, затоа што имаше напорно лето“, рече новиот стратег на Вардар.

Потоа следува нашиот настап на турнирот во Магдебург. На истиот ќе настапиме во најсилен состав, односно ќе играме натпреварувачки и искрено посакувам да го освоиме трофејот. Знаеме дека Магдебург е квалитетен тим, кој е во врвот на германскиот ракомет, но ние веруваме во нашите квалитети. По турнирот во Германија ни следува двомечот со ППД Загреб во СЕХА лигата. Загреб е историски клуб, исто како и Вардар и навистина жал ми е што само еден тим ќе игра на завршницата на СЕХА“, рече Вујо.