Кружниот напаѓач Андерс Закариасен поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Шведска и Полска и најверојатно неговиот камбек на терените ќе биде дури во следната натпреварувачка сезона.
Членот на ГОГ против Висла Плоцк во натпревар од 3. коло од Лигата на шампионите заработи тешка повреда, во која страдале вкрстените лигаменти на коленото.
Според проценките на лекарскиот тим, кружниот напаѓач ќе паузира најмалку една година, а тоа значи дека ќе го пропушти Мундијалот во Шведска и Полска и останатите натпревари од Лигата на шампионите и данскиот шампионат.