четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Замената за Карачиќ доаѓа од Русија: Миленикот на Металург се сели во Вардар?

Замената за Карачиќ доаѓа од Русија: Миленикот на Металург се сели во Вардар?

Ракометарот кој својата полна афирмација ја доживеа во редовите на Металург кога овој клуб играше редовно во Лигата на шампионите и успеваше да ја мине и групната фаза, Павел Атман заврши со својот претстој во редовите на Хановер. Тој доби раскин на договорот кој му беше со рок до следното лето, а од клубот веќе објавија дека се разделиле пријателски.

Според ова е јасно дека Атман може слободно да си ја побара својата среќа во друг клуб, а иако има понуда од неколку екипи се чини дека ќе се врати во Македонија. Атман би можел да биде играчот кој ќе го облече дресот на Вардар и кој во новата сезона би бил замена за Игор Карачиќ на позицијата среден бек. Воедно се работи и за играч кој може да помогне на позицијата лев бек со што комплетно би го заменил играчот од Хрватска кој замина за Полска.

Позитивно во целата ситуација е и тоа што Атман веќе бил во Скопје и знае како е да се игра тука. Одлично е запознаен и со амбиентот, а во Вардар има и многу соиграчи од репрезентацијата. Тука е и селекторот на Русија, Едуард Кокшаров што значи дека нема да има поголеми проблеми за брзо да се вклопи во тимот.

Се очекува во брзо време да има и многу повеќе информации, но сите работи водат кон тоа, Павел Атман да го облече „црвено-црниот“ дрес.