Македонската машка ракометна репрезентација ќе се комплетира утре. Последен во националниот состав ќе се приклучи Жарко Пешевски, кој поради обврските во својот тим во Бундес-лигата ќе пристигне подоцна од очекуваното/
На тренинг се приклучија сите домашни играчи, а во Скопје пристигнаа Никола Митревски, Аце Јоновски и Филип Миркуловски.
Миркуловски по повеќе од две години се враќа во националниот тим и ќе има двојна задача, како помошен тренер и како играч.
Македонија во четврток го игра првиот од двата дуели со Данска во квалификациите за ЕП 2022,прв под водство на новиот селектор Кирил Лазаров.