среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Здрахала: Ја немаме елиминирано Македонија, време е да го направиме тоа

Здрахала: Ја немаме елиминирано Македонија, време е да го направиме тоа

Првиот човек на чешкиот ракомет Ондреј Здрахала е убеден дека избраниците на Хавиер Сабате ќе ја елиминираат Македонија и Чешка ќа патува на Светско првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

„Тимот е консолидиран, младите играчи одлично се вклопија и играме со нашиот традиционален противник, кого сè уште не сме го победиле во квалификациите. Сега верувам дека може да се случи тоа, фаворити сме на хартијажМораме да го следиме стилот на скандинавските земји. Чешката лига не може финансиски да се натпреварува со Бундеслигата, француската или полската лига. Играчите мора да одат таму и добро е за нас што играат во врвни клубови“, вели Здрахала за тамошните медиуми.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија се игра во Злин в среда навечер, додека реваншот е закажан за в недела во Скопје.