четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Женската ракометна репрезентација во сабота ќе одигра пријателски натпревар со Норвешка

Женската ракометна репрезентација во сабота ќе одигра пријателски натпревар со Норвешка

Ракометна федерација на Македонија известува дека женската сениорска ракометна репрезентација во рамки на EHF подготвителната недела за претстојното Европско ракометно првенство Women’s EHF EURO 2022 SLO/MKD/MNE ќе одигра два пријателски контролни натпревари со репрезентацијата на Норвешка.

-Натпреварот на ден 29.09.2022 ќе биде тренинг-натпревар од затворен карактер без присуство на спортската јавност, додека натпреварот закажан на ден 01.10.2022 (сабота) со почеток во 16.00 часот кој ќе се оддржи во СЦ Борис Трајковски во Скопје ќе биде отворен за сите љубители на ракометот, информира РФМ.

Влезот е слободен.