четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за квалификациите за ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за квалификациите за ЕП 2024

Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го имаше првиот собир на женската ракометна репрезентација на Македонија пред почетокот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Ракометарките во овој октомвриски прозорец ги чекаат два натпревари на домашен терен против Азербејџан во среда, како и гостинскиот дуел со Литванија на гостински терен четири дена подоцна.