вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЖРК Ѓорче Петров нов триумф над Тиват во Европскиот Куп

ЖРК Ѓорче Петров нов триумф над Тиват во Европскиот Куп

Составот на ЖРК Ѓорче Петров забележа уште една победа во пресметката со Тиват во Европскиот Куп.

Македонскиот шампион доминираше на првата средба во Скопје (43-22), додека пак денеска во Црна Гора со рутински триумф од 29-24 само го потврди пласманот во третата рунда на ова натпреварување на ЕХФ.

Избраничките на Симе Симовски водеа со 15-9 по првите 30 минути, но во вториот дел покажаа слабости и му дозволија на противникот целосно да се врати во игра, биде конкурентен, но нашиот претставник го имаше последниот збор и дојде до нов триумф.

Ризоска со 7 и Јанкуловска со 5 гола беа најефикански кај ѓорчепетровки, додека пак за домаќинот Ковачевиќ имаше 9 реализации.