вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЖРК Куманово го заврши европскиот настап со втор убедлив пораз

ЖРК Куманово го заврши европскиот настап со втор убедлив пораз

Македонскиот ракометен клуб ЖРК Куманово вторпат загуби од швајцарски Херцогенбуше (17-31) и ја заврши европската авантура која ја имаше во рамки на Европскиот куп на ЕХФ.

Кумановчанки ги одиграа двете средби на гостински терен, но не успеаја да направат резултат. По првата средба која ја загубија со 22-29, ракометарките на ЖРК Куманово не можеа до подвиг, затоа што на полувремето веќе беше 10-16 за Швајцарките.

Муриел Хофер и Стефани Еугстер беа најдобри кај победничките со по пет гола, додека во македонскиот тим, Сара Цветановска реализира седум пати, а Нестороска, Зечевиќ, Ѓошевска и Богоеска имаа по два гола.Сега ЖРК Куманово во целост ќе се фокусира на домашниот шампионат каде е во подредена улога во борбата за титула.