Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ја засили бековската позиција со португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте.
31-годишникот настапува на позицијата лев бек и во Скопје ќе пристигне од редовите на Монпеље од Франција
Дуарте е играч со огромно искуство, настапуваше за екипите на Порто, Висла Плок и Барселона, а оваа сезона во Лигата на шампионите даде 24 погодоци.
Тој има и 91 настап за репрезентацијата на Португалија , со 283 погодоци зад своето име.