петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Зоран Кастратовиќ нов тренер на Тинекс Пролет

Зоран Кастратовиќ нов тренер на Тинекс Пролет

Ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ од денеска е нов шеф на стручниот штаб на машкиот ракометен клуб Тинекс Пролет.

Кастратовиќ склучи договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката за најмалку уште една година.

Кастратовиќ доаѓа на оваа функција на местото на Никола Матлиевски, со кого денеска беше спогобено прекината соработката. Пред новиот стратег е остварување на зацртаната цел од стартот на сезонава – пласман на едно од првите четири места во плејофот и обезбедување на учество во европските купови за 2021/2022.