Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн предложи работодавците да размислат за воведување четиридневна работна недела и други флексибилни опции за работно време за да го охрабрат домашниот туризам и да им помогнат на работниците да ги усогласат работните обврски и приватниот живот.
Ардерн се обрати на граѓаните на Нов Зеланд, преку видео на Фејсбук и истакна дека на луѓето им се предлага се, од пократка работна недела до повеќе неработни празници, како средство за стимулирање на економијата и поттикнување на домашниот туризам, додека границите остануваат затворени за странските државјани.
Таа додаде дека голем број граѓани на Нов Зеланд би патувале низ земјата, кога би имале флексибилно работно време.
Поради епидемијата на новиот коронавирус, туристичкиот сектор на Нов Зеланд претрпе голема загуба.