недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

11-ГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ВО АВИОН: Принудно слетал во Будимпешта

11-ГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ВО АВИОН: Принудно слетал во Будимпешта

Единаесетгодишно дете починало откако изгубило свест на летот на „Туркиш ерлајнс“ на летот за Њујорк од Истанбул, при што медицинските служби не можеле да го реанимираат детето откако авионот принудно слетал во Будимпешта, објави новинската агенција МТИ; пренесе СДК.мк.

МТИ соопшти дека медицинската служба на аеродромот пристигнала на местото откако летот ТК003 денеска слетал во Будимпешта, но детето не можело да се спаси и покрај напорите на лекарите да го реанимираат.