вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

14 лица загинаа при пад на воен хеликоптер во Мексико

14 лица загинаа при пад на воен хеликоптер во Мексико

Мексиканската морнарица соопшти дека 14 лица загинале, а уште едно лице е повредено при уривање на воен хеликоптер на северот на земјата, во државата Синалоа.

Причината за несреќата се истражува, но засега нема информации дека инцидентот е поврзан со апсењето на нарко босот од Гвадалахара Рафаел Каро-Квинтер, познат по прекарот Нарко де Наркос, пренесува Ројтерс.