четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

24 часа по експлозијата во Бејрут од под урнатините е извлечено преживеано девојче

24 часа по експлозијата во Бејрут од под урнатините е извлечено преживеано девојче

Бејрутската експлозија е третата најразорна експлозија во историјата на човештвото, веднаш по атомските бомби кои ги срамнија со земја Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна, вели истражувањето на британскиот експерт Кристофер Базби.

Спасувачките екипи се се уште на терен, се бараат сите исчезнати, многумина од семејствата и изгубија надеж дека блиските кои се затекнале во најпогодениот дел ќе ги најдат живи, но сепак светот го обиколи веста за девојчето кое по 24 часа успеа да излезе живо од под урнатините.

Светот се соедини во молитвата за доброто на бејрутчани, на многу светски знаменитости осамна и либанското знаме, но најголемото изненадување е што тоа светна на зграда во Тел Авив, Израел, односно земја со која Либан е технички во војна речиси 15 години.

Многу земји испратија и помош за побрзо закрепнување од шокот во кој се најде главниот град, а својата поддршка од лице место ја изрази францускиот претседател Емануел Макрон, кој денеска пристигна во Бејрут. Тој во текот на денот ќе се сретне со владини претставници и граѓанското општество.

-Доаѓам најпрво да покажам поддршка, пријателство и братска солидарност со либанскиот народ, по експлозијата на 4 август во пристаништето кое го погоди населението на цел Бејрут. Би сакал да кажам дека оваа солидарност е очигледна. Бидејќи станува збор за Либан, и станува збор за Франција. Морав да бидам тука за да го донесам оваа пријателство и братство од нашиот народ кон либанскиот народ, изјави Емануел Макрон претседател на Франција.

Сликата по експлозијата е поразителна, но сепак љубовта не успеа да ја победи. Младоженците од видеото кое го обиколи светот за време на експлозијата си ја продолжиле својата веселба, а денот по истата го посетија и местото каде што ја затекнаа.

-Бев многу среќна, како и сите девојки, се мажам, родителите ќе ми се израдуваат кога ќе ме видат во венчаница, ќе изгледам како принцеза. Потоа се шокирав, прашувајќи се што се случи, дали ќе умрам и како ќе умрам?

Таа додаде, откако се разбудила и видела што се случило, само се заблагодарила што е се уште жива.

Бејрутчани соединети веќе се на улиците и волонтерски се обидуваат да помогнат да се расчисти хаосот кој го остави експлозијата, каде што делат храна и водат. Покрај рушевините, илјадници повредени и стотици загинати, експлозијата остави многу непознати, што навлече гнев кај граѓаните кои бараат одговори за причината на последниот удар на градот кој и онака е на колена изминативе две децении. Тие велат дека за небрежноста не смее да помине не казнета.